12 јуни - Светски ден против детскиот труд
Foto

12 јуни - Светски ден против детскиот труд

Питачење, собирање отпад, чистење ветробрански стакла, продавање ситни предмети- работата на улица е најзастапената форма на злоупотреба на детскиот труд во Македонија.

Наместо во училиште, детството го поминуваат на улица, барајќи егзистенција. Само во Скопје има околу 300 деца кои работат на улица, а најголемиот број од нив се Роми.

- Колку години имаш? -4 Тука работиш? -Да Сам? - Не

Најчесто децата се принудени да работат од страна на нивното семејство, а мнозинството од децата кои работат потекнуваат од семејства далеку под границата на сиромаштијата, па затоа своето време го поминуваат на улица и на најразлични начини обезбедуваат средства за егзистенција, а тоа е најчесто со питачење, велат од детската амбасата Меѓаши.

Акцентот треба да се стави на образованието на овие деца, за во иднина да се искорени овој проблем, велат од детската амбасада.

Денеска се одбележува светскиот ден против злоупотреба на детскиот труд, но 152 милиони деца се уште се принудени да работат нелегално, некои поради сиромаштија, други поради немање заштита или уцени. Во Македонија ретко се казнува работата на улица, а организациите за заштита на правата на децата сметаат дека отсуствуваат системски одговори од државата за соодветна заштита и поддршка на оваа група деца и нивните семејства.

0 Коментари

Остави коментари