10 парламентарни избори во Хрватска
Foto

10 парламентарни избори во Хрватска

Владејачката партија Хрватска демократска заедница ќе биде победник на денешните парламентарни избори во Хрватска, покажуваат излезните анкети. 

Според анкетите, ХДЗ треба да освои 61 пратеничко место од можни 151, а на второто место е коалицијата Рестарт, предводена од Социјалдемократската партија, на која ќе ѝ припаднат 44. Татковинско движење,  ќе има 16 пратеници. Изборачките места беа затворени во 19 часот.

Со маски на лицата и нараквици на рацете, под посебни здравствени мерки таму денеска се одржaa избори за 10-тиот состав на хрватскиот парламент. Изленоста е за 3,6% помала од онаа на изборите пред 4 години. 

Редовните парламентарни избори во Хрватска требаше да се одржат во декември годинава, но поради епидемилошката слика со Ковид-19 на избори се излезе неколку месеци порано. 

0 Коментари

Остави коментари