Деспотовски: Прво протокол за проценка на ризик, па одлука на Комитетот за одобрување инвестиции

12.10.2018 | 13:17
Прочитано: 1004

Комитетот за одобрување инвестици се уште не одлучувал по четирите апликации на фирмите во чија сопственичка структура има и владини функционери. Тоа ќе го стори веднаш по усвојување на протоколот за проценка на ризик што веќе се изготвува, а деновиве треба да биде и презентиран, соопшти денеска директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Депостовски.

Како што рече, протоколот за проценка на ризик ќе претставува системско, а не ад-хок решение, и ќе се применува не само за актуелните четири фирми, туку и за сите следни ситуации од ваков тип.

Средствата, пак, што требаше да ги земат четирите „спорни“ компании со кои не се потпишани ниту договори, ќе бидат доделени на други што аплицирале во рамки на првиот повик.

-  Во моментов се работи на посебен протокол како системско решение што ќе овозможи да се справуваме со такви ризици и сега и во иднина. Одлуката на Фондот се очекува веднаш штом ќе се усвои протоколот. Не сакам одлучувањето да биде врз основа на нечија лична проценка, туку мора да постои реална проценка на ризикот врз основа на која ќе се донесе одлуката. Протоколот ќе го искористиме и за овие четири компании, но и за сите следни ситуации со кои може да се соочиме. Целта е, не со ад-хок, туку со системски решенија да се справуваме со овие ризици понатаму, објасни директорот, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на новата иницијатива „Петок за млади“.

Според Деспотовски, апликациите што ги поднесуваат компаниите блиски до власта е нов ризик со кој се соочува не само Фондот, туку, генерално, сите јавни институции во државата.

- Фондот е прва институција што воведе обврска за декларирање носител на јавна функција во сопственичката структура и што ќе примени системско решение. Четирите компании во моментов не се толку важни, договори немаме секако потпишано со нив, а за останатите процесот е веќе завршен. Битно ни е преку ова искуство да дојдеме до системско решение, потенцира Деспотовски.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.