Десеттина села во струшко – без струја, отсечени поради снег

14.02.2018 | 17:26
Прочитано: 1994

Паднати бандери, села без струја и вода, револтирани граѓани, неисчистени улици. Снегот кој наврна во охридскиот регион изминативе два дена ги отвори старите проблеми. Најкритично беше во Струга. Наносите од снег скинаа кабли, далеководи, па десеттина села од вчера се без струја и вода. Истиот проблем го има и во градот каде жителите денеска немаат вода ни за лек. Иако улиците од утринава се чистат, Стружани низ нервоза се жалат на бавната реакција на надлежните.

Но, од Општина Струга велат дека проблемот со сѕтрујата во градот веќе го решиле, а до крајот на денешниот ден ветуваат дека ќе дојде струја и вода и во домовите во селата.

Проблеми со електрична енергија имаше и во Охрид, но од ЦУК информираат дека состојбата е нормализирана. Санирани се дефектите и струја имаат сите демаќинства, освен селсиките средини.

Од ЕВН велат дека со сите сили се борат за брзо решавање на сите дефекти од невремето. Инаку, од утринава тргната е забраната за тешки товарни возила на патните правци Охрид-Ресен и Охрид-Кичево каде вчера беа блокирани над триесеттина автомобили.


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.