Десетгодишното момче е во стабилна состојба - Жителите на Ѓорче Петров и денеска на протест

16.04.2018 | 09:40
Прочитано: 1722

По вчерашната сообраќајна несреќа која се случи во  населбата Ѓорче Петров пред основното училиште „Мирче Ацев“ во која беше прегазено 10-годишно момче  на пешачки премин, жителите револтирани  излегоа на протест, бараат поставување на сообраќајна сигнализација и лежечки полицајци, велат тоа е  причината поради која на ова место се случувале несреќи.

Протест најавија и за во 18 часот. Детето е во стабилна здравствена состојба, но има скршеница на черепот и тежок потрес на мозокот. Ова не е прв пат на оваа улица да се случуваат вакви несреќи, пред 10 дена уште едно дете било прегазено на истото место.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.