Дерковски: Подготовките за референдумот без проблеми, од утре кампања „Твој став, твое право“

14.09.2018 | 18:50
Прочитано: 811

,,Твој став – твое право” е слоганот со кој  Државната изборна комисија од утре ќе почне со кампања за информирање на граѓаните за претстојниот референдум закажан за 30 септември. За гласачките ливчиња ќе се потрошат 211 илјади  евра велат од дик истите ќе бидат испечатени од печатницата „Киро Дандаро“ од Битола.

Претседателот на комисијата, оливер деркоски, рече дека со оваа кампања се обиделе на најдобар можен начин да бидат неутрални и да не заземаат страна во однос на претстојниот референдум. Деркоски појасни дека  ќе емитуваат три видео записи – едниот дел ќе биде од информативен карактер, а другиот дел ќе се однесува на едукација на гласачите за нивното гласачко право.

„Околу она што е надлежност на ДИК, тоа е организација и спроведување на референдумот, ние од наша страна ги преземаме сите мерки за добра организација. Се држиме до роковите кои ги дадовме како комисии и немаме проблеми.“ - вели Оливер Дерковски - претседател на ДИК.

На денешната седница ДИК усвои и упатство за начинот на гласање на гласачките места на кои има запишано помалку од 10 избирачи.  Станува збор за 81 гласачко место. Гласачите од овие избирачки места ќе гласаат во најблиските пунктови кои не се подалеку од три километри.

„За важечко ливче се смета и она ливче од кое на сигуирен  и недвосмислен начин може да се утврди а кој од понудените одговори на поставеното прашање, избирачот гласал. Гласањето се врши на начин со заокружување со сино хемиско пенкало, еден од понудените одговори за или против.“ - вели Борис Кондарко – ДИК.

Дерковски потенцираше исто така дека овој состав на ДИК драстично ги намалил трошоците за организирање на гласачкиот процес и кампањата. За сумата што ќе се потроши од 211 илјади  евра за печатење на гласачките ливчиња Деркоски посочи дека се работи за голема заштеда и дека сумата е намалена значително во споредба со претходните изборни циклуси.

Гласањето на референдумот на 30 септември ќе се одвива во 3.480 избирачки места, а според заклучениот Избирачки список, право на глас имаат 1.806.336 граѓани.


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.