Депресијата галопира – современата терапија не е достапна

19.09.2018 | 18:36
Прочитано: 1430

Бројот на лица со ментални растројства расте. Пациентите се лекуваат со застарени терапии. Нови генерации на лекови недостасуваат. Достапен е само еден современ лек за шизофренија, но само за ограничен број на пациенти.  Останатите мора да го купуваат секој месец на приватно по цена од 20 000 денари

„Новите генерации на лекови не им се баш најдостапни. Имаме само еден лек, кој е да кажам од поновата генерација, кој е за определен број на пациенти, за кој имаме т.н. условен буџет од ФЗОМ, но тој е за лимитиран број на пациенти. Потребите наши морам да признаам дека се доста поголеми и имаме иницијатива до Фондот да биде воведен уште еден таков лек. Сигурно дека има лекови кои се достапни, но не се на позитивна листа и со тоа исто така е лимитирана нивната достапност на пациентите“, вели Д-р Стојан Бајрактаров – Директор на Клиника за психијатрија

Депресијата е и натаму на врвот на листата на најчести ментални растројства. Кај децата се почесто се дијагностицира аутизам. Годинава 15 000 пациенти дошле на преглед во амбулантите.

„Сите други невротски растројства се во голем пораст“, вели Д-р Стојан Бајрактаров – Директор на Клиника за психијатрија

Надлежните очекуваат состојбата да се подобри со реализацијата на новата стратегија за унапредување на менталното здравје, која меѓу другото предвидува и отворање на повеќе центри каде пациентите со ментални растројства ќе ги добиваат потребните здравствени услуги.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.