Денови на македонската култура во Киев

25.09.2012 | 10:39
Прочитано: 1522
Во реномираниот Национален театар за опера и балет во Киев утре свечено ќе почне дводневната манифестација „Денови на македонската култура во Украина“, која ќе ја отвори заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ.
 
Како што соопшти Министерството за култура, пред украинската јавност ќе бидат презентирани македонското културно наследство, фолклорот и репрезентативното македонско музичко и драмско творештво.
 
Во изложбениот простор на Националното здружение на сликарите на Украина утре ќе биде отворена изложбата на 27 теракотни икони на кои се претставени 12 мотиви од Виничкото кале. Во Националниот театар за опера и балет концерт ќе одржат виолинистката Сихана Бадивуку и пијанистката Маја Кастратовиќ, а истата вечер ќе има настап и Националниот ансамбл „Танец“.
 
В четврток манифестацијата ќе продолжи со претставата „Александар“ по текст и режија на Љубиша Георгиевски, во изведба на Драмски театар-Скопје.
 
Заменик-министерот  Недељковиќ за време на престојот во Киев ќе има и средба со украинскиот министер за култура Мукхајло Кулинак. 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.