Денеска Заев и Димитров ќе го информираат претседателот Иванов за договорот со Ципрас

13.06.2018 | 11:39
Прочитано: 2339

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во 10 часот ќе го информираат претседателот Ѓорге Иванов за постигнатиот договор со Грција.

Република Северна Македонија, ерга омнес, промена на уставот и постепено воведување на новото име во внатрешноста на земјата, зачувување на македонскиот идентитет и македонскиот јазик е содржаното во договорот.

Премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас, ја информираа и јавноста во своите земји за постигнатото во обидите да се стави крај на 25-деценискиот спор.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.