Денеска трето засилено прскање против комарци во Скопје

10.08.2018 | 15:41
Прочитано: 1689

Денеска почна третото продолжено и засилено прскање против комарци во Скопје

„Заради зголемените врнежи во изминатиот период се создаде поволна клима за брзо размножување на комарците, па Град Скопје одлучи третото прскање наместо два дена да трае 4 дена со што се зголемува интензитетот на заштита“ - информираат службите од Град Скопје.

Оттаму со информација дека „Третото авионско прскање против возрасни форми на комарци денеска се изврши во раните утрински часови, а ќе се одвива и во наредните три дена, односно до 13 август (понеделник). Потоа, прскањето ќе продолжи од земја и ќе се одвива во деновите од 13 август до 17 август (од понеделник до петок), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден“.

По ова продолжено и засилено прскање Град Скопје ќе изведе уште две прскања против комарци што се планирани кон крајот на август и на почетокот на септември.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.