Денеска е венчавката на принцот Хари и Меган Маркл

20.05.2018 | 02:27
Прочитано: 1600

Принцот Хари и Меган Маркл денеска ќе се венчаат во капелата во дворецот во Виндзор, а церемонијата директно од местото ќе ја следат 600 лица.
 
Најголемо медиумско внимание последните денови предизвика веста кој ќе ја испрати Меган до олтарот. Кралското семејство соопшти дека таткото на младоженецот, британскиот престолонаследник принцот Чарлс ќе ја испрати Меган до олтарот препуштајќи му ја на принцот Хари.
 
Британската принцеза Елизабета Втора минатата недела официјално даде свој „благослов“.  По венчавката, парот ќе ги добие титулите Војводата и Војвотката од Сасекс.

Компанијата „Бритиш ервајс“ на свој начин ќе ја одбележи венчавката, со лет од Лондон до Торонто со екипаж чии членови се викаат Хари или Меган. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.