Денес почнува фестивалот „Сан Ремо“

11.02.2018 | 01:25
Прочитано: 1194

Вецерва почнува 68-то издание на фестивалот „Сан Ремо“. Од 6 до 10 февруари во салата Аристон ќе настапат познати изведувачки имиња во пет вечери. Традиционално, фестивалот денес се отвара со осумте дебитантите кои во ноември биле одбрани за настап на „Сан Ремо“.

Од втората до финалната вечер ќе се натпреваруваат 27 најпознати италијански имиња во музиката, меѓу кои Рикардо Фољи, Лука Барбароса, Рон, Макс Газе, Елио, а фестивалот годинава ќе го водат Мишел Ханцингер, поранешната сопруга на Ерос Рамацоти и актерот Пјерфранческо Фавионо.

Годинава, фестивалот ќе се одвива под диригентската палка на 20 најпознати диригенти, а директно ќе се пренесуваат сите пет вечери во живо. Џејмс Тејлор и Стинг годинава ќе настапат како специјални гости, а Стинг ќе настапи во дует со раперот Шеги.

Вечерва како први гости ќе настапат Лаура Паусини и Фиорело, а во наредните вечери ќе настапат и победниците од претходните изданија на фестивалот, а како специјален гостин е водителот Пипо Баудо, кој фестивалот го водеше три децении.

По фестивалот, традиционално ќе се случува делот „По фестивалот“, во кој публиката и учесниците ќе дебатираат за изминатата вечер. Гласањето ќе се одвива по утврдениот начин, преку телевоутинг и смс пораки, жири комисија и публика. Петата финална вечер е позната под името „Шампиони“ и на неа ќе се натпреваруваат оние кои обезбедиле пласман од претходни три вечери, а победникот ќе ја претставува Италија на „Евровизија 2018“ во Лисабон, Португалија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.