Демонстрантите од пред Собрание пред резиденцијата на Иванов

20.06.2018 | 21:37
Прочитано: 4163

Вечерва продолжија протестите против промена на името пред Собранието. Демонстрантите пеејќи патриотски песни и веејќи македонски знамиња велат дека договорот за името со Грција е штетен и дека не смее да се преговара за името.

Тие велат дека се собираат спонтано и дека нема распоред за обраќањата на присутните. По краткиот протест пред Законодавниот дом, тие се упатија кон резиденцијата на претседателот Ѓорге Иванов на Водно.

Полициските специјалци се наоѓаат зад Собранието, додека напред на улицата се распоредени само мал број полицајци.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.