Дедомразовска трка во Скопје

24.12.2017 | 12:32
Прочитано: 1783

Во центарот на Скопје денеска напладне ќе почне традиционалната Дедомразовска трка во која учесниците ќе бидат облечени  во  костуми на Дедо Мраз.

Почетокот и крајот на трката се во паркот „Жена-борец“, а ќе се трча кон мостот кај МНР, покрај Вардар до Камениот мост и преку плоштадот „Македонија“ до целта.

Должината на патеката е два километра. Може да трчаат и деца во придружба на родители.

Учеството во трката чини 300 денари, а за првите 300 пријавени следува дедомразовски костум.

За победниците се предвидени награди. Пред и по трката ќе има музичка програма и церемонија на прогласување на победниците.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.