Дебата за реформите во областа на следењето на комуникациите

15.12.2017 | 09:42
Прочитано: 629

Да се поттикне широка јавна дискусија за предвидените реформи за следење на комуникациите е целта на денешната дебата „реформа на следењето на комуникации - суштински или козметички промени?“.

Дебатата, како што посочуваат организаторите, треба да и овозможи на владата да ги идентификува и отстрани проблематичните точки во предвидените реформи, но и да поттикне дебата кај пратениците за активно да се вклучат во нивното моделирање и на тој начин да ги заштитат интересите на граѓаните кои ги избрале.

На настанот ќе бидат претставени клучните предвидени законски измени во системот за следење комуникации и ќе бидат изложени ставовите на претставници од граѓанските организации за тоа дали реформата обезбедува соодветна заштита на приватноста на граѓаните и ги исполнува барањата на Европската унија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.