Дебата: Како да престане медиумската дискриминација?

22.06.2018 | 18:52
Прочитано: 1601

Медиумите се соочуваат со бројни егзистенцијални проблеми, приходите кои ги остваруваат од својата основна дејност, како и приходите од маркетинг услугите, не се доволни да ги покријат основните потреби за развој на самите медиуми.

Печатените медиуми повторно бараат субвенции. Наскоро ќе излезат пред Владата со свој предлог.

„Одлучивме да побараме од Владата да не поддржува во покривање на педесет отсто од трошоците во печатење и дистрибуција“, вели Лирим Дулови – дневен весник Коха

Други пак сметаат дека субвенциите не смеат да бидат во дриектна форма, туку преку даночни ослободувања.

„Јас поддржувам да се дадат сите можни форми на индиректни субвенции за печатените медиуми“, вели Дејан

Во дел од телевизиите пак сметаат дека политичката волја за ставање на крај на медиумската дискриминација мора да се покаже на дело, а не само декларативно.. Тоа би можело да биде прв чекор кон заздравување на пазарот.

„Медиумскиот пазар не е намален туку поради недоволниот квалитет во домашните медиуми и недоволната продукција на домашна програма, оние кои се рекламираат се селат надвор. Има доволно простор на пазарот, само треба да се понуди квалитет“, вели Младен Чадиковски – Телевизија 24    

Регионалните и локалните медиуми сметаат дека ситуацијата во внатрешноста е уште полоша.

„Откако ќе згаснат тие медиуми попусто е за стратегии да зборуваме“, вели Менде Петковски

„Не може да се даде визија без релевантна и реална анализа на медиумскиот пазар, стратегија на радиодифузната сфера и без добри и издржани законски решенија“, вели  Ирена Арнаудова – ТВ М, Охрид

На денешната конференција на Македонскиот институт за медиуми беше посчено дека се потребни  закони за регулација на пазарот на медиуми кои нема да дозволат дискриминација од било каков вид. За сето ова е потребна поширока медиумска стратегија.


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.