Црн пантер пронајден на паркинг во Брисел

09.08.2018 | 19:07
Прочитано: 1295

Црн пантер избега од кафез во Брисел и беше пронајден на паркинг пред хотелот Ибис, јавија белгиските медиуми.

Пантерот му избегал на својот дресер кој го чувал во кафез, кој се наоѓал во камион. Сведоци го виделе и сликале животното рано изутринава, дресерот набргу дошол и успеал без проблеми да го врати црниот пантер во кафезот.

-Животното беше мирно, а полицајците се паркираа на начин да не може да побегне, изјави портпаролката на бриселската полиција, Мари Вербек.

Сопственикот на пантерот, кој спиел во хотелот, се симнал околу седум часот утрово и го вратил животното во кафез. Сепак останува нејасно како успеал пантерот да побегне.

Дресерот и животното престојуваат во Брисел каде снимаат филм, а токму денеска треба да се снима делот со црниот пантер.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.