Ципрас за „Етнос“: Македонска нација не постоела никогаш

20.01.2018 | 11:30
Прочитано: 5260

Македонска нација не постоела никогаш, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас за неделното издание на весникот „Етнос“.

Ципрас, во интервјуто што ќе биде објавено утре, како што објавува порталот Њуз 247 во најавата, говори детално за прашањето за името, ги отвора картите за спорот меѓу двете земји, опишува какво име би прифатила грчката Влада и вели дека особено важно прашање е иредентизмот.

Во однос на неговиот коалициски партнер во Владата и неговата дијаметрално различна позиција, Ципрас, според Њуз 247, вели дека „Каменос нема да стане Самарас“, со што индиректно порачува дека лидерот на независни Грци нема да создаде проблеми во грчката Влада.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.