Ципрас го повтори ставот за уставни измени, Tурција на страната на Mакедонија

12.02.2018 | 17:02
Прочитано: 1780

Сложено име за надворешна и внатрешна употреба што ќе важи за сите . Ова е ставот на грчкиот пемиер Алексис Ципрас кој го изнсе денеска по состанокот со пратеничката група на Сириза. Во изјавата Ципрас вели дека исто така не ги разбира ниту организираните протести во Солун и Атина бидејќи името Македонија и до сега го користела соседната земја, она што сега се бара е само појаснување но и откажување од иредентизмот.

„Решението не може да биде друго од едно сложено име што ќе важи за сите, за севкупна употреба. Нешто за што секако, предуслов е и уставна промена, за името навистина да биде ерга омнес, односно за севкупна употреба. Не може да биде една употреба надвор, а друго да биде името во Уставот. Секако предуслов е и повлекување на секаков сомнеж за иредентизам. Ова е единствената рамка што го гарантира решавањето на проблемот и поминување во нова ера за целиот Балкан, далеку од национализмот, фанатизмот и нетолеранцијата.“ - изјави Ципрас.

Проблемот со името беше една од темите и на срдбата меѓу премиерот Заев и неговиот турски колега Јилридим кој пак како што пренесува Анадолија порачува дека:

„Една земја сама одлучува за своето име. Многу е погрешно друга земја да одреди име за некоја земја. Покрај сето ова, нашата најголема желба е да се разговара со Грција околу ова прашање и да се постигне решение“ - вели Јилридим во изјавата која ја пренесува агенцијата.

Во меѓувреме пак клучна недела за преговорите за името најавуваат и грчкитре медиуми. Иако од Македонското МНР за сега не откриваат детали за тоа што точно ќе се случува во Софија на конференцијата каде ќе присуствуваат Коѕијас и Димитров , грчките медиуми пак веќе пишуваат и за конкретните предлози кои може д а бидат решение и за двцете страни. Грчкиот всник протот тема нализира дека се поизвесно станува дека најприфатливо решение за Скопје и Атина е Горна Македонија. Истиот весникот го пренесува и интервјуто на Владимир Глигоров син на претседателот Киро Глигоров кој наведува дека треба да се постигне решение во кое победници ќе бидат и двете страни.
 
Како реакција на дел од предлозите за кои  пишуваат грчките медиуми се јави и екс претседателот на Бугарија, Ѓорѓи Прванов која пак вели дека и Бугарија мора дa биде консултирана за некои термини кои не се во нивна полза.

„Загрижен сум дека почнуваат да се водат разговори во насока на неколку предлози , а некои од нив влијаат врз бугарската позиција. Да ние ја имаме признаен Македонија под нејзиното име дури и први го направивме тоа но предлозите како Северна и Горна Македонија се во полза на грција не и на Бугарија.“ - изјави Ѓорѓи Прванов, поранешен претседател на Бугарија.

И лидерот на грчката партија „Река“, Ставрос Теодоракис денеска излезе со став  дека името Горна Македонија дури и без превод на грчки јазик е прифатливо за нив како партија. Дел од медиумите во Грција исто така пишуваат и за нова можна средба меѓу Заев и Ципрас во Солун но од македонската влада за сега не даваат такви информации.


Гаврил Сирачевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.