Ципрас го извести поглаварот на ГПЦ за текот на преговорите за името

19.01.2018 | 11:52
Прочитано: 1442

Во овој момент не се потребни протести, туку национален консензус и единство, е пораката на поглаварот на Грчката православна црква, што ја упатил на средбата со грчкиот премиер. Архиепископот Јеронимос и Алексис Ципрас  имаа средба  која не беше официјално најавена, а главната тема било прашањето за името.

Грчкиот премиер, според официјалното соопштение од Грчаката православна црква  го известил архиепископот за текот на преговорите, ги слушнал размислувањата на Јеронимос и „изразил особен интерес за црковниот аспект на целиот спор, во однос на името на расколничката црква на Скопје“.

Ципрас го уверил архиепископот дека ќе продолжи да го информира за текот на преговорите и побарал од него да придонесе за да се обезбеди клима на национално единство и одговорнoст. За синоќешната средба на грчкиот премиер со поглаварот на ГПЦ, експресно реагираше опозициската Нова демократија.

Преку соопштение  тие ја обвинуваат Владата за неодговорност и за водење тајни преговори, а ја напаѓаат дека наместо да ги извести парламентот и опозицијата, одбрала прво да ја извести црквата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.