Циклонот Гита ја опустоши островската држава Тонга

13.02.2018 | 10:04
Прочитано: 864

Малата островска држава Тонга во Тихиот океан е опустошена по тропскиот циклон Гита, кој ги погодил минатата ноќ.

Циклонот бил од четврта категорија, а брзината на ветрот на моменти достигнувала и повеќе од 200 километри на час.

Околу 70 отсто од домовите и објектите во главниот град се целосно или делумно урнати а на повеќето места нема струја.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.