Членството во НАТО – позитивен сигнал за економијата

13.06.2018 | 17:20
Прочитано: 1884

Раздвижување на економската активност, зголемување на инвестициите и сериозно намалување на невработеноста ја чека Македонија доколку стане членка на НАТО. Економистите велат дека членството во Алијансата е дополнителен гарант за инвеститорите, посебно за странските, но можеби најбитно е тоа што се очекува драстично подобрување на работата на администрацијата и владеењето на правото, што е основа за нормално функционирање на секоја развиена земја.

„Членството во НАТО  и во Унијата е дополнителна гаранција и прецепцијата однадвор од инвеститорите е подобра во таков контекст што може да охрабри повеќе инвестиции. Освен овен овие два аспекти, повеќе го гледам во делот на владеењето на правото и институционалниот капацитетот и кредибилитет на институциите.“ - изјави Марјан Петрески, универзитетски професор.

Примерите на нашите соседи кои станале членки покажуваат сериозен раст на инвестициите по влезот во НАТО.

Во Албанија, странските инвестиции се зголемија речиси двојно и покрај тоа што влезот во НАТО се случи во период на глобалната финансиска криза.

Во Бугарија пак странските инвестициите за пет години пораснаа од 7 на 19,7% од БДП. Економијата порасна од 3,9 на 6,8%. Но што ќе повлече со себе растот на економијата и повисокиот стандард? На среден рок ќе се соочиме со раст на цените.

Поради политичките превирање, македонската економија тапка во место. Во првиот квартал растот е незначителен со  0,1 проценти. 2017-та пак, беше целосно промашена година за економијата со БДП од 0 проценти.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.