Бонева добила уште 12.000 евра за патни трошоци

08.12.2017 | 22:00
Прочитано: 10972

Освен плата и бонуси, дел од членовите на ДИК добиваат и огромни суми за патни трошоци затоа што наместо службени возила, ги користат сопствените за што се исплаќаат поголеми износи.

Силвана Бонева, како член на ДИК, добила 12.000 евра за патни трошоци. Но, лани, кога информацијата беше обелоденета, Бонева се откажа од барањата за исплата на патни трошоци за следните неколку месеци.  Пресметките покажуваат дека Бонева за две години, колку што е во ДИК само за патни трошоци, земала 12.000 евра. Тука е и платата која за две години изнесува 24 илјади евра.

Нејзиниот колега Атанас Урумов, кој доаѓа од Гевгелија, добил патни трошоци во износ од 11.500 евра.  Тука се и дополнителните „бонуси“ од 12.000 евра, како и платата, што за две години изнеусва 24.000 евра.

Сега веќе поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, добил 5 илјади евра за патни трошоци како и по 1.000 евра плата за месеците додека беше во ДИК, и дел од бонусите.

За разлика од Бонева, Урумов и Бедредин кои ги користат сопствните возила, за што добиваат огромни суми за патни трошоци, Игор Милев, Реџеп Прекопуца и Александар Чичаковски – добиваат пари за гориво за службени возила. Со тоа, тие прават и драстично помал трошок на Државната изборна комисија. И тоа Милев и Прекопуца од околу 1.000 евра , а Чичаковски 130 евра . Најмногу трошоци за гориво потрошил Субхи Јакупи и тоа околу 2.800 евра . Додека Дума и Срцев, немаат никаков дополнителен трошок од она што им се пресметува како плата.

Според информациите на Телевзија 24, иако на сите членови на ДИК им било понудено да користат службени возила, за што ќе добиваат одредена сума за трошоци за бензин, тоа не го прифатиле сите, па затоа и има такви драстични разлики во сумите за патни трошоци, каде некои добиле 12.000 а некои 1.000 евра. Останува отворено прашањето, дали институциите ќе ги исконтролираат прикажаните фискални сметки врз основа на кои се исплатени патните трошоци. А истиот проблем со патни трошоци се провлекува и во Собранието, но се уште нема конкретна најава кога пратениците ќе решат да го сменат законот, како што ветија.


Наташа Стојановска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.