Член од УО на ПФМ си даде оставка: Извршена му е неправда на Поп Ацев

09.08.2018 | 19:52
Прочитано: 3736

Случајот со Евгениј Поп Ацев продолжи да се развива и понатаму. Нов момент е оставката во редовите на Пливачката федерација (ПФМ) од Д-р Александар Поповски, член на Управниот одбор. Тој очигледно не се согласува со соопштението кое ПФМ го прати до медиумите порано денеска и вели дека на Поп Ацев му била извршена неправда.

Почитувани,

Јас проф. д-р Александар Поповски како досегашен член на Управниот Одбор на ПФМ на Р.Македонија имам морална обврска да ја образложам мојата оставка. Како долгогодишен спортист, спортски работник и сега како професор во спортот и спортскиот менаџмент, целиот свој живот го посветив на единственото нешто кое води до врвен спортски резултат, а тоа е ФЕР ПЛЕЈОТ. Искрено се надевав дека ќе го дадам својот придонес за развој на пливањето во Р. Македонија, но очигледно многу сум погрешил.

За што се работи ?

Се работи за неправдата која му е нанесена на нашиот пливач Евгениј Поп Ацев кој макотрпно работи веќе дваесеттина години и НИ носи само успеси, не само за себе и своето семејство; на најтрофејниот клуб во РМ – АПВК СТУДЕНТ од Скопје, и на крајот и на нашата држава.

Имено, од март месец до денешен ден на повеќе наврати раководството на ПФМ, од неразбирливи причини за мене,, го опструираат неговото учество на значајни маратонски трки, а Врв на сето тоа однесување е ненавременото пријавување за моменталното европско првенство кое се одржува во Глазгов,,,, и покрај ветувањата од нивна страна пред месец дена,,дека се е во ред и дека Евгениј ќе настапи на истото.

Моето учество во УО на ПФМ беше со цел да ваквите грешки кои беа дел од минатото да не се повторуваат и да се грижам за добробит на сите пливачи во РМ, т.е тоа беа моите очекувања, а кои во вакви услови на функционирање не сум во можност да ги реализирам.

Скопје 09-08-2018

Со Спортски поздрав
Проф. Д-р Александар Поповски


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.