Честитка од претседателот на Собранието, Талат Џафери по повод 11 Октомври

11.10.2018 | 09:58
Прочитано: 968

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери во свое лично име и од име на пратениците упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, симболот на борбата за слобода.

- Ова е значаен ден во историјата на Република Македонија, симбол на решителноста и свесноста на народот кој што храбро и самоуверено застана во одбрана на слободата а против најголемото зло во човечката историја, застана во одбрана на доброто наспроти злото, во одбрана на достоинството наспроти потклекнувањето. На овој ден, меѓутоа и секој друг ден, оддаваме почит на нивната пожртвуваност и борбеност, нивната истрајност и визија, пишува Џафери во честитката.

Денес, како што истакнува претседателот на Собранието, живееме во слободна, независна, демократска, почитувана земја која смело гради добрососедски односи, е сериозен стратешки партнер за градење мир и го изодува својот пат кон исполнување на одамна утврдените стратешки определби, полноправното членство во ЕУ и НАТО.

- Чекорејќи по тој пат, наидуваме на предизвици кои се трудиме да ги надминеме со меѓусебно разбирање, почитување и негување на различностите помеѓу сите граѓани, со цел оваа наша земја да биде заеднички дом на сите граѓани кои својата иднина и иднината на идните поколенија ја гледаат во демократска, силна, модерна и европска Република Македонија, пишува Џафери во честитката по повод 11 Октомври.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.