Чепреганов: Со враќањето на терористичките борци внесовме атомска бомба во општеството

09.08.2018 | 19:12
Прочитано: 2359

Првите седуммина повратници од сириските боишта преноќија во притворското одделение во Шутка.  Овие македонските државјани  се првите во Европа  кои се бореле на страната на бруталната ИСИС,  а се прифатени назад во матичната држава.  Џихадисти освен во земјава се вратени и во Казахстан. Останатите земји го игнорираат враќањето на борците , бидејќи претставуваат безбедносна закана.  МВР соопшти дека се работи за лица на возраст меѓу 24 и 41 година.  Но што се крие зад иницијалите и каков е профилот на  македонските државјани кои војувале во Сирија и Ирак на страната на озлогласената терористичка организација?

„Ова е внесување на атомска бомба меѓу сопствениот народ, не знаете кога, каде и како таа атомска бомба ќе експлодира. Самото одметнување, одење и убивање на други луѓе поради некаква идеја... Ниту една религија не проповеда убиство“, вели Методи Чепреганов

Невропсихијатарот Чепреганов предупредува дека институциите треба сериозно да се посветат процесот на ресоцијализација, но и будно да ги следат и зад решетки и откако ќе излезат.

„Овие луѓе треба да бидат ресоцијализирани, да сфатат што правеле да се покајат. Потребна е многу работа за тоа. Потребна е его терапија за самиот тој, бидејќи работата е најдобриот лек за преку неа да ја празни својата моторика“, вели Методи Чепреганов

Од затворот во Шуто Оризари за тв24 велат дека сите седуммина се во притворскиот оддел, распоредени во различни соби, измешани со притвореници за други кривични дела. За нив сега нема никаков третман Од управата за санкции потврдија дека има програма за повратници од странски војни, но таа се применува само за лица кои се осудени.  Поради безбедносни закани италијанските медиуми денеска јавија дека Италија протерала 4 лица осомничени за тероризам, меѓу кои имало и еден 39 годишен Македонец.


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.