Бура од реакции по најавата за ваучер за такси за поднапиени гости

23.05.2018 | 22:44
Прочитано: 4802

Во триесет скопски угостителски објекти граѓаните ќе можат да си дозволат поголемо количество на вино, пиво и останат алкохол –  грижата за нивно безбедно враќање дома ќе ја добијат од градската власт со ваучери од 100 денари за такси. Но за да се добие ваучер пред да седнете во меана потребно е претходно да се нарача преку специјализираната алатка restorani.mk. Дел од граѓаните кои ги анкетиравме со поделени мислења за едни крајно непотребна, а за други и не така лоша идеја за безбедност во сообраќајот.

Спак на социјалните мрежи врие од коментари – главно ја исмеваат мерката.

„ Ако Грујо заглави со затвор, Шилегов ќе мора да части 2 милиони ваучери во таа чест“.

„ 100 денари такси ваучер ќе ги намали пијаните шофери исто како што акцизата за нафтата го намали загадувањето“  - се дел од коментарите на Твитер

Таман си се отрезнил почнале ваучер да делат – кој ќе се пијанчи пак. Вакви се коментарите по социјалните мрежи кои доаѓаат откако таткото на Град Скопје ја најави мерката за бесплатен ваучер за пијаните која има за цел да ја подигне свеста кај граѓаните за поголема безбедност во сообраќајот. Затоа ако мислите да пиете алкохол резервирајте си бесплатен такси ваучер.

 


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.