Булдожер-дипломатија: Могерини и Мичел во Скопје

13.09.2018 | 17:03
Прочитано: 2766

 САД очекува успешен референдум и имплементација на договорот со Грција ова е пораката која утрово му ја пренел Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Вес Мичел на министерот за надворешни работи Никола Димитров информираат во дописот од МНР.

„Помошник државниот секретар , повторно ја реафирмираше силната поддршка на САД за полноправно членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ. Тој ги поздрави напорите на Република Македонија на тој пат, особено со конструктивната политика со соседите, како и постигнувањето на решение за спорот околу името со Грција.“ - велат од МНР.

На средбата министерот Димитров пак  ја потенцираше важноста од натамошна поддршка на САД во евро-атлантските интеграции на Република Македонија и соработката заснована на стратешкото партнерство:

„Нашето заслужено членство во Алијансата, значително ќе придонесе кон градење на просперитетна и побезбедна Република Македонија,  што ќе биде од значење и за целиот регион“. - изјави Димитров.

Работната агенда Мичел ја продолжи и во законодавниот дом каде оствари средба и со пратеници и кординатори на пратенички групи а се сретна и со собранискиот спикер Џафери. Во агендата се најдоа и лидерот на ДУИ Али Ахмети и на ВМРО ДПМНЕ  Христијан Мицкоски.

Посетата на Мичел доаѓа на две недели пред одржувањето на престојниот референдум и една недела подоцна откако претходно земјава ја посети и германската канцеларка Ангела Меркел.


Гаврил Сирачевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.