Буџетот на општина Гостивар одблокиран

20.03.2018 | 17:52
Прочитано: 1382

Наместо нови вработувања ќе следат откази – изјави градоначалникот Арбен Таравари по денешната седница на која конечно беше донесен буџетот за општина Гостивар. Обвини дека мнозинството во општинскиот совет, кое е во состав на СДСМ и ДУИ, скратило голем дел од парите предвидени за привремени вработувања, па најави откази во државните институции. 

„Од планираните 12 милиони денари во Програмата за времени вработувања, по инсистирање на ДУИ и СДСМ направени се измени со скратување на само една четвртина. За жал, ова ќе придизвика повеќе отпуштања на негувателки и воспитувачки во градинките, пожарникари и дел од моите соработници.Очекував дека некои од советниците ќе имаат доблест и да бидат на страната на граѓаните, но сепак се покажа дека попуштиле под притисоците.“ - вели Таравари.

Таравари обвинува дека мнозинството во гостиварскиот совет има политички мотиви и сакало да прикаже дека тој е неспособен да раководи со општината. Од друга страна, СДСМ и ДУИ го обвинија дека барал огромни суми за вработување на привремени кадри, и бараа овие пари да одат за други проекти.

Сепак, иако буџетот беше конечно изгласан, тоа не ги реши проблемите во оваа општина. Пред почетокот на седницата, тука имаше и протест на Алијансата за Албанците, партија од каде доаѓа градоначалникот Таравари, во знак на револт, за одземањето на неговите ингеренции во областа на образованието.


Ирена Каревска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.