Брус Вилис го продаде станот во Њујорк за 17,75 милиони долари

29.04.2018 | 14:37
Прочитано: 3073

Американскиот актер Брус Вилис и неговата сопруга Ема го продадоа својот луксузен стан во Њујорк со поглед на Централ парк за 17 милиони и 750 илјади долари.

Според „Дејли мејл“, тие ја добиле бараната цена за станот кој во 2015 година го купиле за точно 17 милиони долари, па сега успеале за него да добијат 755.000 долари повеќе.

Луксузниот дуплекс има шест соби и четири бањи, како и приватна библиотека.

Претходно тоа биле два стана кои некој од претходните сопственици ги споил во еден. Брус Вилис и Ема ќе се преселат во поскромен стан од 8 милиони долари.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.