Бројот на загинати во свлечиштата во Калифорнија се искачи на 18 лица
13.01.2018 | 11:13
Прочитано: 1428
Маж, на возраст од 87 години стана 18-тата потврдена жртва на свлечиштата во Калифорнија, соопштија на прес-конференција локалните власти.
Шериф на округот Санта Барбара, Бил Браун, соопшти дека уште шест лица се водат за исчезнати, но пред да заврши прес-конференцијата, тој се врати до микрофонот и со радосен тон соопшти тукушто добил телефонски повик дека еден од нив, 53- годишниот Џон Китинг, е пронајден.
- Тој е во болница надвор од регионот и се лекува. Значи на нашата листа на исчезнати луѓе останаа петмина, рече шерифот.
Post new comment