Бриселски самит: Генералниот секретар на НАТО повика на сплотеност и заштита на новите-земји членки

11.07.2018 | 17:03
Прочитано: 605

 Со свечен пречек на сите земји членки од Северно - атланскиот сојуз на нивните шефови на држави и влади, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг им посака добредојде на дневниот состанок на самитот.

Во своето воведно обраќање повика на заедништво но исто така побара заштита и за новите земји членки кои допрва треба да бидат дел од алијансата. Им се заблагодари и на сите оние кои дале свој придонес во мисиите на НАТО.

И домаќинот на самитот односно белгискиот премиер Шарл Мишел во краткото образложување, појасни зошто е значаен Самитот, особено во делот на буџетирањето на земјите членки на кое САД до сега неколкупати се жалеше дека голем товар им паѓа токму ним. Иако Мишел не го пречека како домаќин на аеродромот, Претседателот на САД Трамп сепак се чини меѓу присутните најпогодно друштво најде во хрватската претседателка Колинда Габар Китаровиќ. Пред почетокот на самитот таа исто така го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција. Меѓу присутните исто така беа и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган кој на моменти исто така можеше да се забележи во друштвото на Трамп, а и германската канцеларка Ангела Меркел,и унгарскиот премиер Орбан кои се судрија во ставовите околу бегалската криза.  Покрај нив секако гостин беше и францускиот претседател Макрон, премиерката на Обединетото Кралство - Меј  грчкиот премиер Ципрас,  но и неговиот канадски колега Џастин Трудо.

Самитот во НАТО ќе трае два дена односно денеска и утре а со него по трети пат во рамките на својот мандат ќе заседава Генералниот секретар Јенс Столтенберг. Покрај прашањето за буџетирањето, разгледувањето за прием на нови земји членки секако една од главните точки е и борбата против тероризмот.

Целта и на овој самит е лидерите на сите 29 земји членки да се состанат и да донесат клучни одлуки со кои Алијансата ќе добие помодерна структура која на побрз начин ќе може да одговара на заканите кои доаѓаат.


Гаврил Сирачевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.