Бред Пит се почесто е во друштво со професорка од МИТ

10.04.2018 | 12:29
Прочитано: 2273

Бред Пит, од ноември досега, се почесто е во друштво со својата нова пријателка - професорката од МИТ, Нери Оксман. Јавноста за тоа дозна уште во септември, кога таа објави слика со глумецот на инстаграм.

„Бред и Нери веднаш се вклопија, а тоа е поради нивната заедничка страст - архитектура, дизајн и уметност. Но, тоа е само „професионално пријателство“, но не и романса“, изјави неименуван извор за „Дејли Меил“.

- Тоа е само пријателство, кое се уште не се претворило во романса, но Бред ужива во времето минато со Нери, додава анонимниот пријател на двајцата пријатели.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.