Боздаг: Турската армија ќе се повлече од Африн по завршување на операцијата

20.01.2018 | 18:21
Прочитано: 2066

Турската армија ќе го напушти сирискиот реон Африн по завршување на операцијата, што почна денеска, изјави турскиот вицепремиер Бекир Боздаг.

„Воената операција во Африн не е насочена кон сириската држава и народот на Сирија, нема за цел да ги наруши територијалната целост, суверенитет и политичко единство на земјата сосед. Целта на операцијата е да се ликвидираат борците на терористичките групи - Исламска држава, Курдска работничка партија, Сили за заштита на народот и Партија на демократската унија. По успешното завршување на операцијата вооружените сили на Турција ќе заминат од регионот“, посочи Боздаг.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.