Бостон поуспешен од Кливленд и на вториот дуел од финалето на Исток

16.05.2018 | 09:24
Прочитано: 585

Кошаркарите на Бостон Селтикс се наоѓаат на два чекора од големото финале во НБА лигата, откако ноќеска го добија и вториот натпревар од финалната серија во Источната конференција.

Клучна во победата од 107:94 беше разликата од 14 поени што домаќините ја направија во третиот период (36:22).

Ниту трипл-дабл остварувањето на Леброн Џејмс кој средбата ја заврши со 42 поена, 12 асистенции и 10 скока, не беше доволно вицешампионот да го избегне поразот во „ТД Гарден“.

Во победничкиот тим се истакна Џејлен Браун со 23 поени. На Запад, Голден Стејт води против Хјустон со 1-0 во серијата прв до четири победи.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.