Борисов му ја затвори вратата на Иванов

14.06.2018 | 17:14
Прочитано: 3785

„Бугарската влада не гледа причина да биде искористена за внатрешни политички дебати во Скопје. Клучно за идниот развој на нашата соседна држава е интеграцијата во ЕУ и НАТО и тоа не смее да се доведува во прашање“ - ова беше официјалното  образложение на бугарската влада за откажаната средба на  премиерот Бојко Борисов и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева со македонскиот претседател Ѓорге Иванов планирани за утре во Софија.

Бугарските медиуми тврдат дека причина за тоа  е одлуката на Иванов да ја прекине вчерашната средба со македонскиот премиер Заев и шефот на дипломатијата Димитров, на која му го предадоа договорот со Грција за решение на спорот за името. Шефот на државата Иванов се сретна со  бугарскиот претседател Радев. За откажувањето на средбата рече дека   одговорност носи бугарскиот премиер кој според Иванов не ја реализира основната цел на своето европредседателство.

„Бев изненаден но тоа е негова одлука и одговорност. Тој не е само премиер на Бугарија, туку на земја која прецедава со ЕУ. Со тој него гест тој зазема страна.“ - изјави Иванов.

Неговиот колега Румен Радев повика на лидерство и одговорност во тешки моменти.

„Кога го повикуваш другиот да води дијалог, самиот не треба да бегаш од него.“ - изјави Румен Радев-претседател на Р Бугарија.

Дипломатскиот скандал доаѓа ден откако шефот на државата експресно ја напушти средбата со Заев и Димитров кои му го доставија договорот за решение за името. Претседателот во обраќањето им порача дека договорот е штетен и нема да го потпише на што од Владата му вратија да не го кочи евтоинтегративниот процес на земјава. По неговото обраќање следуваше брза европска критика од еврокомесарот Јоханес хан кој го повика Иванов на одговорност за процесот за договорот со Грција.


Светлана Божиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.