Борис Џонсон: Договорот за името е фантастична вест

13.06.2018 | 10:12
Прочитано: 2119

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон го поздрави постигнатиот договор меѓу премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас за спорот за името.

- Фантастична вест е дека премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа договор за прашањето за името. За ова е потребно лидерство и политичка храброст. Ги охрабрувам сите политички лидери во двете земји да ги препознаат бенефитите што ќе ги донесе решавањето на ова долгогодишно прашање, напиша британскиот министер за надворешни работи на Твитер.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.