Болницата во Штип сеуште се гради

12.06.2018 | 17:37
Прочитано: 1278

Пробивањето на роковите за изградба на штипската клиничка болница ги кочи плановите за развој во актуелниот објект.

Директорот на болницата вели дека секое доцнење со изградбата за нив значи врзани раце и можност да се концентрираат само на неопходните проекти и функционирање со постојната апаратура.

И покрај тврдењата дека динамиката на изградба е значително намалена, од Министертвото за здравство велат се работи според договореното, но во внатрешноста на објектот.

„Во моментот има 70-тина работници кои работат на внатрешни специфични градежни активности. Исто така, Министерството за здравство информира дека заедно со својот инженерски тим во наредниот период ќе продолжи да врши надзор над работата на болницата во Штип, а градежните активности ќе продолжат со зголемен интезитет.“ - велат од Министерство за здравство.

Изградбата на новиот објект на штипската Клиничка болница привремено беше запрен кон средината на минатиот месец поради проблеми со подизведувачот, штипски Бетон. По средбата на првите луѓе од Министерството за здравство и грчката компанија што го доби тендерот работите продолжија.


Виолета Кожинкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.