Боинг произведе дрон што може да носи 228 килограми товар

12.01.2018 | 12:22
Прочитано: 2105

Боинг деновиве го претстави својот нов прототип дрон кој може да носи товар и до 228 килограми.

Станува збор за е-ВТОЛ (electric vertical-takeoff-and-landing) и Це-А-Ве (cargo air vehicle) прототип, што на инженерите им беа потребни три месеци да го дизајнираат, и кој веќе го доживеа и првиот тест лет.

- Ова товарно летало претставува голем чекор во нашата Боинг е-ВТОЛ стратегија. Имаме можност да го промениме воздушниот сообраќај. Дронот е долг 4,57, широк 5,49 и висок 1,22 метра, а тежи 339 килограми, изјави инженерот Дејвид Нили.

Засега не се познати повеќе детали, како што е капацитетот на батеријата.

Проектот чини два милиона долари, а целта е да се конструира компактно самоуправувачко летало што ќе може да носи едно лице најмалку 32 километра без прекин.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.