Богов: Не се очекува нова криза како онаа од 2008 година

13.02.2018 | 15:37
Прочитано: 1484

Можни се одредени турбуленции на светските пазари, но не се очекува дека ќе дојде до нова криза како онаа од 2008 година - изјави гувернерот Димитар Богов од чиј кабинет  укажаа дека гувернерот посочил дека македонската економија  треба да биде внимателна и добро подготвена.

Притоа, нагласи дека во изминатиот период  и НБРМ презеде низа мерки со кои го зајакна банкарскиот сектор, додека во владините финансии во текот на последните години има намалување на буџетскиот дефицит и изрази уверување дека во наредниот период ќе дојде до стабилизирање на јавниот долг.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.