Богов: Не се очекува нова криза како онаа од 2008 година
13.02.2018 | 15:37
Прочитано: 1172
Можни се одредени турбуленции на светските пазари, но не се очекува дека ќе дојде до нова криза како онаа од 2008 година - изјави гувернерот Димитар Богов од чиј кабинет укажаа дека гувернерот посочил дека македонската економија треба да биде внимателна и добро подготвена.
Притоа, нагласи дека во изминатиот период и НБРМ презеде низа мерки со кои го зајакна банкарскиот сектор, додека во владините финансии во текот на последните години има намалување на буџетскиот дефицит и изрази уверување дека во наредниот период ќе дојде до стабилизирање на јавниот долг.
Post new comment