Бледа победа за Шкендија, важни бодови за Победа

17.03.2018 | 16:27
Прочитано: 1082

Разликата од 16 бода меѓу Шкендија и Вардар остана и по нивните натпревари во 24. коло од Првата лига, бидејќи и двете екипи победија со по 1-0.

Шкендија славеше против Силекс, иако не ја демонстрира својата препознатлива, доминантна игра. Фазлагиќ постигна гол во 16. минута и потоа Шкендија ниту еднаш не се обиде кон голот на гостите, а за таа разлика, Силекс пропушти три сериозни шанси во второто полувреме.

По слично сценарио Вардар ја победи Ренова, а Дејан Блажевски беше стрлец на победничкиот гол, во 23. минута. Важни три бода во борбата за опстанок освои Победа, совладувајќи го Работнички со 2-0, иако уште од 21. минута играше без исклучениот Гешовски. Љога и Најдовски беа стрелци на головите, во 82. и 94. минута, откако претходно и Работнички остана со десетмина.

Академија Пандев и Пелистер се разделија со идентичен резултат како и пред три дена во Купот, со 1-1. Струмичани поведоа со автоколот на Илијовски, а Пелистер изедначи преку Ристевски во третата минута по основните 90.

ПРВА ЛИГА, 24. КОЛО

Вардар – Ренова 1-0 (1-0)

Шкендија – Силекс 1-0 (1-0)

Академија П. - Пелистер 1-1 (0-0)

Победа – Работнички 2-0 (0-0)

УТРЕ, 14 ЧАСОТ

Шкупи - Скопје

TАБЕЛА: Шкендија 62, Вардар 46, Силекс 36 (-1), Шкупи 29 (-1), Академија П. 29, Работнички 28, Ренова 25, Победа 25, Пелистер 22 (-1), Скопје 17 (-1)

 


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.