Благоја Чоревски најдобар актер на ФКТ „Ристо Шишков“

13.09.2018 | 12:35
Прочитано: 919

Наградата за најдобро актерско остварување на ФКТ „Ристо Шишков“ ја доби Благоја Чоревски за улогата на Вилфред Бонд во преставата „Квартет“ од Роналд Харвуд во продукција на МНТ и Контрапункт.

Според жирито, Чоревски дал исклучителни актерски перформанси во улогата и огромен придонес во севкупниот творечки опус и растежот на современиот театар. Наградата Ристо Шишков е обврска да бидеш и понатаму подобар, кажа Чоревски откако ја доби паричната награда од 1.500 евра и златниот медалјон со ликот на Шишков.

„За мене тоа е една огромна сатисфакција пред се затоа што го носи името на мојот колега со кој сум играл, еден од најголемите актери. Нема да бидам подобар од Шишков, но ќе се трудам да го достигнам, барем уште малку“ - изјави актерот Благоја Чоревски.

На ФКТ „Ристо Шишков“ каде продефилираа 50-тина актери од 10 престави од земјава, Бугарија, Србија, Босна и Словенија беа доделени и Нета наградите од страна на меѓународната театарска асоцијација.

За најдобра престава е прогласена Еднаш свет изградив на Театарот за деца и млади од Скопје, Ник Апер ја доби наградата за најдобра режија, додека наградата за најдобра сценографија отиде кај Јулијана Војкова Најман.

Бранко Бенинов и Ванчо Крстевски од Струмичкиот театар ја добија наградата за најдобра машка улога, додека Румјана Мерџаноска од театарот Враца од Бугарија и Мирјана Поповска Ристов од театарот Комедија за најдобра женска улога.


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.