Бизнис секторот во Струмица се жали на немање продуктивна работна рака

24.06.2018 | 18:29
Прочитано: 2078

Бизнис секторот од Струмица се жали на немање продуктивна работна рака и оти сите  протежираат вработување во јавниот, отколку во приватниот сектор и по цена на пониски месечни примања. Вака му се пожалија струмичките бизнисмени на министерот без ресор, Зоран Шапуриќ на дебатата за градење системи за поефикасно претприемништво

Од струмичката бизнис заедница бараат државата да најде мерки за да ги стимулира вработувањата во реалниот сектор.

„Немаме работна сила на располагање на пазарот, имаме работници кои сега ги плаќаме одлично, знаат дека се недостиг на пазарот, го користат тоа и имаме ефикаснот од некаде 40 %“ вели Столе Иванов од Бизнис заедница Струмица

Бизнисмените тврдат дека државата треба да ги зголеми  субвенциите за нови вработувања. Министерот Шапуриќ не ја отфрли можноста за измена на Законот за подршка на инвестициите.  Смета дека треба да се видат ефектите.

„Беа искажани одредени работи што се проблематични, не само сега, туку во изминатиот период околу изнаоѓање на работна сила, но Законот може да се надградува и да се проширува“ - изјави Зоран Шапуриќ, министер без ресор.

Експертите сугерираат примена на „бизнис ангели“ кај малите и средни претпријатија кои носат нови работни места.

„За формата на финансирање во светот позната како „бизнис ангели“ со оглед на фактот што постојат бизнис идеи кои се високоризични и за кои финансирањето е карактеристика само на одредени форми на инвеститори, а тие можат да донесат сериозен потенцијал“ - вели Леонид Наков, универзитетски професор

Во струмичко според сајтот на Агенцијата за вработување работа бараат 3.500 лица од кои една третина се работници без било какви занимања, а многу малку лица се со стручни профили.


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.