Безбедносни служби: Нема опасност од терористички напад во земјава

10.08.2018 | 18:14
Прочитано: 1475

Македонија е безбедна земја, нема опасност од терористички напади, велат извори од безбедносните служби.  Репатријацијата или враќањето на македонските државјани кои војувале за ИСИС го оценуваат како најдобар чекор кој земјава го направила за да ја елиминира опасноста.  Странските медиуми јавија дека седумтемина македонци,  се првите борци во Европа кои биле прифатени во матичните земји. Терористи од Исламска држава  се вратени и во Казахстан, а останатите земји го игнорираат овој проблем бидејќи процениле дека враќањето назад по терористичките обуки , претставува закана за безбедноста на државите.  Од друга страна нашите извори од безбедносните служби велат дека со репатријацијата ги ставаат џихадистите под контрола и надзор. Прво во затворот, но и откако ќе излезат од зад решетки.  

„Носењето овде на тие луѓе е контролиран процес, оставањето таму е неконтролирано, никогаш не знаете каде ќе бидат и кога ќе се вратат“ -  извор од безбедносни служби

Седумтемина македонски државјани  сега се наоѓаат  во посебни притворски одделенија, одделени еден од друг и без контакт со останатите притвореници.  Во Сирија се воделе како „воени заробеници“. Овде се транспортирани со воен авион во соработка со глобалната Коалиција за антитероризам. По проверките и ДНК анализите утврдено е дека сите биле на листата на  службите, а по  петмина трагал и Интерпол. 

Додека тие се подготвуваат за судски процес за дело учество во странски војски, 15мина македонски државјани се уште се наоѓаат во Сирија.  Заминувањето во озлогласената терористичка организација опаѓа во последните 4 години, откако учеството во странски паравоени или параполициски формации почна да се казнува и со закон. Но, пред 2014-та 57-мина  биле дел од насилниот екстремизам во Сирија, а сега се на слобода. Нив никој не може да ги гони оти тогашново дело не беше дел од кривичниот законик. 

Досега осудени се 23 лица , во рамки на акциите Келија 1 и 2.  Меѓу нив се инспиратори, организатори и логистика на странски борци, за разлика од последната група Ќелија 3 која беше вратена директно од сириските воени зони.


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.