Без Чековски, но со Трајковски и Костовски против Словачка в недела

19.02.2018 | 21:17
Прочитано: 1527

Првиот собир кошаркарската селекција ќе го има среда, ден кога ќе се појават 16 кошаркари, повикани од селекторот Јорданчо Давитков за новата пресметка против Словачка во пред квалификациите, овој пат на домашен терен. Добропознат противник, против кој Македонија славеше на првиот дуел на гостински терен, во ноември.
Со евентуален триумф би биле многу блиску до прогрес во следната фаза, со оглед на тоа што имаме победа и против Швајцарија на првиот дуел.

За разлика од претходните две средби, селекторот Давитков сега ќе го нема искусниот

Ѓорѓи Чековски, но сепак се враќаат Бојан Трајковски и Александар Костовки, кои поради повреди го пропуштија стартот.

На списокот повторно се најде и Ричард Хендрикс, иако Американецот има сериозни здраствени проблеми.

Натпреварот против Словачка се игра во СЦ „Јане Сандански“ в недела од 20 и 15, додека реваншот на гости против Швајцарија се игра во Јуни.

Список на кошаркари:
1. Војдан Стојановски (Бујукчекмеџе)
2. Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје)
3. Александар Костоски (Питешти)
4. Дарко Соколов (МЗТ Скопје)
5. Адем Мекиќ (Куманово)
6. Бобан Стајиќ (Куманово)
7. Андреј Магдевски (Гостивар)
8. Ненад Димитријевиќ (Хувентуд)
9. Димитар Караџовски (Куманово)
10. Стојан Ѓуроски (Блокотехна)
11. Бојан Трајковски (МЗТ Скопје Аеродром)
12. Кирил Николовски (Работнички)
13. Љубомир Младеновски (Илирија Љубљана)
14. Бојан Крстевски (Работнички)
15. Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
16. Ричард Хендрикс (Галатасарај)


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.