Без целосни податоци нема плати во администрацијата

22.02.2018 | 18:32
Прочитано: 3078

Јавната администрација мора да се преброи во наредните три месеци – тоа е рокот кој министерството за информатичко општество и администрација со новите мерки им го даде на инситутциите од јавниот сектор. Работодавците во јавниот сектор кои нема да го сторат тоа можат да се доведат во ситуација да не исплатат плата на своите вработени. Со мерките предвидено е да се утврди вистинската бројка на вработените во јавната администрација.

„Со оваа мерка за сите институции кој во законски предвидениот рок од три месеци нема да ги внесат сите податоци за своите вработени, конечно ќе се добие прецизен одговор на едно од најчесто поставуваните прашања, а тоа е колква е бројот на вравотените во јавниот сектор.“ - изјави Дамјан Манчевски – министер за информатичко општество и администрација.

Од управата за јавни приходи апелираа до работодавците од јавниот сектор во предвидениот рок да ги регистрираат вработените. Доколку институцијата ги нема внесено податоците за вработените во регистарот на Министерството за јавна администрација, при поднесувањето на пресметките за плата ќе се појави грешка во системот на Управата за јавни приходи поради што не ќе може да ја исплатат платата.

„Согласно законските измени, УЈП добива нова надлежност за контрола на корисниците на овој модул за пресметка на плати преку системот за интегрирана наплата, односно контрола на ажурноста на регистарот на вработените во јавниот сектор, преку контрола на месечните пресметки за инегрирана наплата.“ - изјави Сања Лукаревска - УЈП.

Според податоците од министерството, од вкупно 1.303 институции од јавниот сектор, 259 институции немаат внесени податоци за бројот на вработени. Работата на јавната администрација е во јавноста е постотојано критикувана за партиски влијанија и превработеност. Нејзината работа беше критикувана и во сите извештаи од европската унија, а комисијата на Прибе ја оквалификува како партизирана, масовна и неефикасна.


Јован Ѓорговски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.