БЕСА: Заслужена поканата за НАТО

12.07.2018 | 08:50
Прочитано: 262

„Одлуката на самитот на НАТО, кој се одржува во Брисел, за да и се додели на Република Македонија покана за членство во северно-атлантската Алијанса претставува вест од историски размери за нашата држава. Иако целиот процес беше, со многу перипетии и пожртвуваност, денес сето тоа беше валоризирано. Денес стана реалност изгубената можност во 2008“ стои меѓудругото во соопштението на движењето БЕСА.

„Секако дека за ова се заслужни граѓаните на Македонија, на кои им го честитаме овој голем ден, меѓутоа и домашните политички актери ја извршија својата работа, вклучувајќи ја и заложбата на Движењето Беса, што се потврди со приклучувањето кон ова влада, со намера да биде дел од поновата историја на земјата и воедно да го исполни даденото ветувањето на граѓаните и нејзините гласачи дека, независно од политичката цена, БЕСА ќе биде дел од членството на земјата во НАТО“ - стои во соопштението од БЕСА.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.