Беса ќе биде дел од парламентарното мнозинство

15.05.2018 | 21:33
Прочитано: 1778

Движењето БЕСА ќе биде дел од парламентарното мнозинство и извршната власт, одлучи вечерва Централното собрание и Централното претседателство на партијата, која во Владата ќе раководи со Министерството за култура, а кандидатот за таа функција ќе го номинира дополнително.

Лидерот на Движењето БЕСА, Африм Гаши информира дека причини за таквата одлука се реформската агенда, процесот за решавање на спорот за името, отворањето на преговорите за интеграција во ЕУ и потребната кохезија за членство во НАТО.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.