Бензините повторно поскапеа, во последната година цените одат само нагоре

15.05.2018 | 17:26
Прочитано: 3743

Откако дојде новата влада бензините поскапеа за 7.5 денари, а нафтата речиси за двојно,  12.5.  Податоците на Регулаторната комисија за енергетика покажуваат дека во мај минатата година цената на бензинот била 64, односно 66,2 денари, а дизелот 50,5 денари.

Само за споредба, во последната година од владеењето на претходната власт цената на горивата се зголемила за 2 односно 2,5 денари.

Дали цените одат нагоре поради лошата политика на владата или пак тоа е резултат на светските трендови имајќи предвид дека барел нафта од Северното море вчера порасна на над 78 долари, што е најмногу од крајот на 2014 година.

Ефектите од зголемената акциза се веќе видливи. За три месеци од годинава по основ на сите акцизи во буџетот се слеани 92 милиони евра што е за 20 милиони повеќе од лани. Од секој литар нафта во буџетот одат 15 денари, а од бензините 22. 

Од друга страна Народната Банка проектира дека цената на нафтата ќе продолжи да расте, а посебно ќе скока во втората половина од годинава. Но вредноста на доларот ќе паѓа.

„Нагорната ревизија во најголем дел е резулта на договорот на земјите од ОПЕК и Русија за продолжување на договорот за намалување на производството на нафта, помалото ниво на залихи во САД и зголемените геополитички ризици во Блискиот Исток.“ - велат од НБРМ.
 
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието предложи укинување на дополнителната акциза за дизелот, за која ќе се расправа в петок. Министерството за финансии не ги коментира ваквите предлози на пратениците.
 


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.